Агроменаџери ќе управуваат со пазарот на земјоделски производи

Bez autora
Jul 03 2011

Регионално здружение за менаџирање со земјоделски производи и агротуризам ќе се обиде да ги реши проблемите во аграрот во земјите од регионот. Формирањето на Здружението го иницираа еминентни професори од регионот чија идеја е да се поврзат земјоделството и туризмот. Идејата за создавање вакво здружение произлезе неодамна, од проблемите во земјоделството кај нас и во регионот. Сакаме да им помогнеме на производителите и на сите што се директно засегнати да станат современи агроменаџери кои успешно ќе управуваат со пазарот на земјоделски производи, со примарното земјоделско производство. Битен елемент се секако и преработката и пласманот што ќе овозможи поголем профит во работењето. Учесниците порачаа дека на прво место треба да бидат квалитетот, квантитетот, континуитетот и контролата, како четири клучни елементи за успешно и конкурентно земјоделско производство.

Агроменаџери ќе управуваат со пазарот на земјоделски производиРегионално здружение за менаџирање со земјоделски производи и агротуризам ќе се обиде да ги реши проблемите во аграрот во земјите од регионот. Формирањето на Здружението го иницираа еминентни професори од регионот чија идеја е да се поврзат земјоделството и туризмот.

- Идејата за создавање вакво здружение произлезе неодамна, од проблемите во земјоделството кај нас и во регионот. Сакаме да им помогнеме на производителите и на сите што се директно засегнати да станат современи агроменаџери кои успешно ќе управуваат со пазарот на земјоделски производи, со примарното земјоделско производство. Битен елемент се секако и преработката и пласманот што ќе овозможи поголем профит во работењето - изјави Миле Пешевски, професор на Факултетот за земјоделски науки и храна и еден од иницијаторите за формирање на Регионалното здружение.

Учесниците порачаа дека на прво место треба да бидат квалитетот, квантитетот, континуитетот и контролата, како четири клучни елементи за успешно и конкурентно земјоделско производство.

- Во регионот и кај нас земјоделците не ги познаваат основните елементи за стандарнизиран земјоделски производ, за производ со воедначен квалитет. Свесни сме дека продукцијата не може да биде 100-процентно прва класа, но квалитетот треба да доминира во вкупното производство. Тоа значи да се продава воедначен производ за да се постигне поголема цена на пазарот и да се биде конкурентен. Земјоделците наместо да си конкурираат меѓу себе, треба да се здружат и да настапуваат заеднички - истакна Пешевски.

Предвидено е Здружението да организира научни работилници за обука на земјоделците од повеќе аспекти, подобро, планско, квалитетно, стандардизирано производство, пакување, преработка, пласман, како и да реализира директни контакти со извозници или поголеми компании.

Според Драго Цвијановиќ, директор на белградскиот Институт за економика на земјоделството, секоја држава треба рационално да ги искористи локалните, компаритивни предности на своите подрачја.

Во здружението членуваат професори од факултети, академии и научни институти за земјоделство, шумарство и ветеринарство во Скопје, Белград, Загреб, Нови Сад, Подгорица, Бечеј, Софија, Приштина, Брчко, Бања Лука, Тирана, Мостар, Букурешт, Сараево, Топола, Блаце.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik